Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако неодамна не успеаја да го договорат Виргил ван Дијк од редовите на Саутемптон, челниците на Ливерпул повторно ќе се обидат да преговараат со истиот клуб, но овој пат за друг фудбалер.
„Црвените“ и јавно им се извинија на „Светците“ околу трансфер сагата со ван Дијк, но тоа нема да ги спречи повторно да се обидат да стапат во контакт со челните лица на Саутемптон, но овој пат за Душан Тадиќ.
Како што јавуваат медиумите од Англија, за српскиот интернационалец има откупна клаузула од 13 милиони фунти која Ливерпул е подготвен да ја плати.