Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
21 годишниот напаѓач Андре Силва пристигна во Италија за да го комплетира 40 милиони евра вредниот трансфер во редовите на Милан.
Португалскиот интернационалец потпишува четиригодишен договор со Росонерите и ќе биде нивно четврто засилување по Мусакио, Родригез и КЕси.
Младиот напаѓач постигна 16 погодоци минатата сезона во дресот на Порто, а веќе има седум голови во репрезентацијата на Португалија откако го имаше своето деби во септември 2016 година.