Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот весник „АС“ објавува дека од редовите на Реал Мадрид веќе подготвуваат понуда за екстра талентираниот голман, Џанлуиџи Донарума.
Како што е познато, вчера од Милан обелоденија дека младиот голман нема да го продолжи договорот со клубот, а денес веќе се појавија првите шпекулации за неговата иднина.
Наводно од Реал Мадрид се подготвени на Донарума да му платат шест милиони евра по сезона да му понудат долгогодишен договор.
Сепак, весникот пренесува дека Раиола на челниците на Милан им пренесол дека покрај Реал сериозен интерес за голманот има уште од неколку топ клубови.