Шпекулациите невистинити, Конте е среќен во Челси


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Според извори на „Скај Спортс“ Антонио Конте останува посветен на Челси и ќе се врати во Лондон во првата недела од јули за да ги стартува подготовките со клубот.

Утрово излегоа шпекулации дека Конте не е среќен затоа што клубот не е активен на трансфер пазарот, но како што дознава „Скај Спортс“ тие вести се невистинити.

Во Челси остануваат смирени по тоа прашање и се изјаснија дека клубот ќе се движи по зацртаната патека.