Чиле во финишот го совлада Камерун


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Чиле забележа победа од 2:0 над Камерун во последниот денешен натпревар од Купот на Конфедерациите.

Артуро Видал и Едуардо Варгас постигнаа два гола во самиот финиш на натпреварот за голема радост на Чилеанците.

Играчот на Баерн Минхен го отвори резултатот во 81 минута откако со глава го совлада Фабрис Ондоа. Едуардо Варгас го постигна конечниот резултат во судиското продолжение.