Јувентус ќе тргне по Маркињос ако Бонучи замине

Од таборот на Јувентус планираат да тргнат по играчот на ПСЖ, Маркињос доколку Леонардо Бонучи се одлучи да го напушти тимот.

Според шпекулациите за стоперот на „Старата дама“ сериозно е заинтересиран тимот на Челси, а во последните неколку денови како можна дестинација се споменува и Реал Мадрид.

Како што пишува „Газета дело Спорт“ од таборот на Јувентус веќе го одредиле Маркињос како трансфер цел број еден за одбранбената линија.