Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пишува „Тутоспорт“ од таборот на Јувентус се заинтересирани во своите редови да го донесат играчот на ПСЖ, Блаз Матуиди.
Францускиот интернационалец има само уште една година од неговиот договор на „Паркот на Принцовите“, а договор за продолжување на соработката се уште не е на повидок.
Од „Старата дама“ посакуваа уште еден играч на ПСЖ, а тоа е Марко Верати но веројатно Италијанецот својата кариера ќе ја продолжи во редовите на Барселона.
Доколку трансферот на Матуиди не се реализира, Јувентус речиси сигурно ќе го откупат договорот на Стивен Нзонзи од Севилја.