Германија го освои Купот на Конфедерации


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Репрезентацијата на Германија го освои Купот на Конфедерациите што оваа година се одржа во Русија откако со 1:0 славеше против Чиле.

Избраниците на Јоаким Лев сосема заслужено го добија овој натпревар, а беа доминантни во текот на целото првенство.

Стрелец на единствениот погодок за „панцирите“ беше Ларс Штиндл уште во 20 минута од натпреварот кој без поголем проблем го совлада Клаудио Браво.

Германците имаа повеќе шанси за зголемување на водството преку Горецка, но резултатот остана непроменет.

Чиле најголемата шанса ја имаше преку Алексис кој во 94 минута изведе одличен слободен удар но сепак голманот на Барса, Тер Штеген беше на вистинското место.