ПСЖ го посакува Кутињо


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Од таборот на ПСЖ ќе се обидат да го ангажираат Фелипе Кутињо доколку не успеат во намерата да го донесат Килијан Мбапе.

Францускиот тим го посакува Мбапе, но голем фаворит за неговиот потпис е Реал Мадрид, па затоа од клубот имаат и „план Б“, а тоа е играчот на Ливерпул, Кутињо.

„Црвените“ од Ливерпул во неколку наврати имаат истакнато дека Кутињо не е на продажба по никоја цена, но ќе видиме дали ќе одолеат на милионите на Пари сен Жермен.