Шенсои си замина од Пелистер


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Пелистер спогодбено го раскина договорот со досегашниот тренер, Наџи Шенсои.

Шенсои на клупата на Пелистер седна пред десетина месеци на местото на Петар Љамчевски и требаше да го понесе клубот кон остварување на зацртаните цели.

Пелистерци со стратегот од Косово ја обезбедија зацртаната цел, пласман во Европа, но не преку првенството туку преку Купот на Македонија кој го освоија по подолго време.

Во следните денови ќе се знае наследникот на Наџи Шенсои на клупата на Пелистер.