И Трабзонспор во редот за Елиф Елмас

Од ден на ден се зголемуваат клубовите кои се интересираат за еден од најголемите македонски таленти, Елиф Елмас.

Како што пишуваат турските медиуми тимот на Трабзонспор е последниот кој се вклучи во битката за потписот на младиот фудбалер.

Турците пишуваат дека Трабзон ќе има сериозни ривали за потписот на Елмас, а како кандидати за неговиот потпис ги наведува Бенфика, Манчестер Сити, Борусија Дортмунд.

Елмас деновиве и официјално треба да го избере тимот за кој ќе настапува следната сезона. Да потсетиме во моментов репрезентативецот на Македонија е слободен агент откако спогодбено го раскина договорот со неговиот матичен клуб Работнички.