Валеро на медицински прегледи кај Интер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Играчот од средниот ред на Фиорентина, Борха Валеро се појави на медицински прегледи во базата на Интер и се очекува наскоро да го официјализира трансферот на „Џузепе Меаца“.

Ваквата информација ја објави клубот на нивната официјална веб страна, а Валеро треба да биде ново засилување за тимот на Лучиано Спалети.

32 годишниот фудбалер минатата сезона за „Виолетовите“ од Фиренца настапи на 32 натпревари постигнувајќи еден погодок.