Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома денеска го претстави новото засилување, левиот бек Александар Коларов кој дојде од Манчестер Сити за пет милиони евра.
Србинот има 31- година, а со „Римската Волчица“ потпиша тригодишен договор.
„Многу сум среќен што сум овде“ – изјави Коларов за клупскиот веб сајт.
„Ќе давам 100% а понекогаш и повеќе ако е потребно за Рома. Мојата цел секогаш е иста: Победа и ништо друго“. – заврши Српскиот интернационалец.
Коларов во 2010 година му се приклучи на Сити од Лацио, градскиот ривал на Рома, а за англискиот клуб настапи на повеќе од 200 натпревари и успеа да освои две Премиерлигашки титули.