Работнички го договори младиот Миовски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Работнички објавија дека постигнале договор за трансфер на Бојан Миовски од редовите на Брегалница.

Младиот 18 годишен фудбалер игра во нападот, а со „Романтичарите“ се обврза на договор со траење од три години.

Миовски има седум настапи во ПМФЛ во дресот на Брегалница од минатата сезона на кои успеа да запише два гола. Најдобриот натпревар младиот фудбалер го имаше токму против Работнички кога Брегалница славеше со неверојатни 6:2, а Миовски беше асистент на три од погодоците кои завршија во мрежата на „Романтичарите“.