ВИДЕО: Ивановски одлично ја започна сезоната, нов гол во дресот на Славен

Мирко Ивановски уште еднаш се покажа како играч за одлука откако го постигна единствениот гол на дуелот помеѓу Славен Белупо и Интер Запреишиќ.

Повремениот македонски репрезентативец  се најде на вистинското место во 49’ минута од натпреварот и со прецизен удар го матираше голманот на Интер.

Ивановски го реши и претходниот натпревар кога Славен беше подобар од Локомотива Загреб со идентичен резултат од 1:0.