Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во текот на вчерашниот ден излегоа шпекулации дека Маруан Фелаини е пред потпис со тимот на Галатасарај.
Белгиецот денес беше во стартниот состав на Манчестер Јунајтед против Валеренга, а успеа и да се запише во листата на стрелците, а Мурињо сепак најави дека тој ќе остане во редовите на „Црвените Ѓаволи“.
„Полесно за Галатасарај е да ме добијат мене. Фелаини е премногу важен за нас.“-коментираше кратко Мурињо околу можноста Фелаини да си замине од Манчестер Јунајтед.
Инаку, Манчестер Јунајтед е пред ангажман на играч со слични карактеристики како белгискиот репрезентативец. Имено, во јавноста излезе една фотографија од Матиќ во опрема на Манчестер Јунајтед по која се шпекулира дека Србинот веќе ги поминал медицинските прегледи со тимот од „Олд Трафорд“