Олимпискиот Комитет ги објави градовите домаќини за ОИ 2024 и 2028


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во јуни оваа година Олимпискиот Комитет одлучи дека ќе ги истакне имињата на градовите-домаќини на Олимписките Игри на крајот на месец јули. Како што беше најавено, на последниот ден од месецот тие ја донесоа одлуката.

 

Единствените два градови-кандидати беа Париз и Лос Анџелес, што значи дека Олимпискиот Комитет требаше да одлучи кому ќе му припадне домаќинската улога во 2024 а кому во 2028 година.

Во официјалната изјава која ОК ја даде денеска беше истакнато дека Париз ќе биде домаќин на ОИ 2024 а Лос Анџелес ќе го земе правото да ги организира ОИ во 2028 година.

 

Со оваа одлука двата града се придружуваат на Лондон како единствени три градови кои трипати биле домаќини на летни Олимписки Игри.