Ван Дајк го објасни барањето за трансфер:”Се чувствувам навреден од односот на клубот”


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Откако порано во текот на денешниот ден холандскиот стопер Вирџил Ван Дајк побара трансфер надвор од Саутемптон, тој веднаш излезе да се обрати на јавноста и да ги даде причините зошто се решил на тој потег. Во изјава која ја даде за Daily Mirror го кажа следното:

“За жал немав друга алтернатива освен да побарам трансфер откако клубот ме казни со неисплаќање на две неделни плати. Ќе се борам да излезам на крај со оваа казна, која сметам дека е неоправдана. Во текот на изминатите 6 месеци континуирано имав состаноци со раководството каде што им ја искажав својата желба да го напуштам клубот.

Јас сум неверојатно амбициозен и сакам да постигнам колку што е можно повеќе до крајот на својата кариера, сакам повторно да играм европски натпреварувања и сакам да освојувам трофеи.

За ова долго време што бев повреден сфатив дека ретко се нудат шанси за напредок во кариерата, и како такви треба да бидат прифатени веднаш кога ќе се укажат.

Исто така, сакам да ги негирам тврдењата дека не сум сакал да тренирам. Баш напротив, новиот тренер разговараше со мене и ми кажа дека сакал во неговиот тим да играат само играчи кои се 100% посветени на Саутемптон и заради таа причина ме остави да тренирам посебно од останатите играчи. Јас се чувствувам навреден од ваквиот однос.

Сакам да се заблагодарам на клубот и на сите навивачи на Саутемптон што ми ја дадоа можноста да играм во Премиер Лигата, но сметам дека сега е вистинско време да си заминам и затоа го доставувам ова барање за трансфер.” – изјави Ван Дајк.

 

Вирџил Ван Дајк е еден од најбараните играчи на својата позиција и летово беше поврзуван со Ливерпул, Манчестер Сити и Челзи.

Во текот на наредните неколку дена се очекува разврска за овој трансфер.