Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѕвездата на Бостон Селтикс е во последната година од договорот, што значи дека на крајот на сезона ќе биде слободен агент и ќе чека понуди од разни НБА тимови. Но тој вели дека си ја знае вредноста.
“Уверен сум дека заслужувам максимален договор. Не само што работам напорно, туку можете и да ме ставите против било кој играч од лигата и да бидете сигурни дека нема да разочарам. Моите индивидуални бројки се слични со оние на најдобрите играчи во светот а и мојот тим победува. Мислам дека луѓето од раководството го гледаат тоа и се спремни да го наградат.” – изјави Томас за Бостон Хералд.
Минатата сезона беше импресивна за Ајзеа Томас, кој имаше просек од 29 поени по натпревар и го одведе својот тим до финалето на Источната конференција.