Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
26-годишниот бек-шутер Си Џеј Вилкокс си пронајде нов тим откако летово му заврши договорот со тимот на Орландо Меџик. Во наредната сезона тој ќе биде дел од составот на Портланд Трејлблејзерс.
НБА инсајдерот Едриан Војнаровски ја потврди веста дека Си Џеј Вилкокс ќе потпише едногодишен договор вреден 1,1 милион долари со тимот на Портланд. Поранешниот член на Орландо Меџик лани имаше сезона која сака да ја заборави, откако поради малата минутажа имаше просек од само еден поен по натпревар.
Вилкокс во лигата влезе како 28 пик на драфтот во 2014 а беше драфтуван во Лос Анџелес Клиперс. Како и да е, барем досега не остави голем впечаток и во новиот тим ќе мора да се избори за минутажа.