Мајкл Бизли се премисли, сепак останува во НБА


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Вториот пик од драфтот во 2008 година, Мајкл Бизли, беше на прагот да потпише во кинеската лига откако екипата на Шандонг му понуди тригодишен договор вреден 15 милиони долари. Но денеска ја дознавме неговата идна дестинација во кариерата – тимот на Њу Јорк Никс.

 

Тимот на Никси ова го потврди на својот Твитер профил.

Бизли потпиша едногодишен договор со тимот на Њу Јорк Никс и тој за овој период ќе заработи 2.1 милиони долари, што е далеку помалку од она што му се нудеше од Кина. Сепак, разбирлива е одлуката ако се земе во предвид дека тој сакаше да си го најде местото во НБА лигата.

 

Ова е шестиот НБА тим за кој Мајкл Бизли ќе настапува. Мора да се напомене дека иако немаше импресивни бројки во минатата сезона, сепак тој беше голем дел од пласманот на Милвоки Бакс во плејофот со неговата ефикасна игра во офанзива.