Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако Арсенал креираше голем пресврт и славеше на отворањето на новата сезона во Премиер Лигата, слично нешто можеше да направи и Ливерпул кој во натпреварот против Вотфорд два пати губеше, на крајот стигна до водство, но во последните моменти од средбата прими гол и двата тима ги поделија бодовите.
Вотфорд дојде во водство уште во осмата минута преку Стефано Окака, а Ливерпул изедначи со голот на Мане во 29 минута.
Славјето на Клоп и неговите момци траеше само три минути затоа што во 32. минута Дукуре ја смести топката зад грбот на Мињоле. Со овој резултат се замина на одмор, а во вториот дел не гледавме ништо полош натпревар.
За време од само две минути „Црвените“ направија пресврт преку Фирмино и Мохамед Салах и донесоа голема радост на своите фанови.
Сепак во четвртата минута од судиското продолжение тимот на Ливерпул беше казнет за неколкуте промашени шанси во второто полувреме. Уругвајскиот дефанзивец Бритос од гол линијата со глава го совлада Мињоле откако новото засилување за Вотфорд, Ричарлисон силно биеше откосо, а топката се одби токму до Мигел Анхел Бритос.
Да се надеваме дека и во преостанатите натпревари од Премиер Лигата ќе гледаме нешто слично како вчера на „Емирати“ и денес на „Викариџ Роуд“.