Боатенг го напушти Лас Палмас поради "лични причини"

 

Поранешната ѕвезда на Милан, Кевин Принс Боатенг, го напушти неговиот досегашен клуб Лас Палмас поради “нерешливи лични причини”.

 

По обострана спогодба меѓу клубот и играчот, Боатенг го раскина договорот со Лас Палмас и сега е слободен играч.

Поранешниот играч на Тотенхем и Милан имаше уште три години од договорот кој го потпиша во мај годинава, но реши да го раскине откако изјави дека се соочувал со “непремостливи лични проблеми” во клубот.

30-годишниот Боатенг во минатата сезона постигна 10 гола во 28 натпревари за тимот на Лас Палмас.

Медиумите во Германија тврдат дека тој привлекува интерес од неколку екипи меѓу кои и Ајнтрахт Франкфурт, Борусија Дортмунд и Шалке.