Објавена листата на тренери кои ќе се борат за наградата "ФИФА тренер на годината"

 

Панел составен од легенди на светскиот фудбал ја изгласа листата од 12 тренери кои ќе се борат за наградата “Најдобар тренер на годината” од ФИФА.

 

Кандидатите се следните:

  • Масимилијано Алегри (Јувентус – ИТА)
  • Карло Анчелоти (Баерн Минхен – ИТА)
  • Антонио Конте (Челзи – ИТА)
  • Луис Енрике (Барселона – ШПА)
  • Пеп Гвардиола (Манчестер Сити – ШПА)
  • Леонардо Жардим (Монако – ПОР)
  • Јоаким Лев (репрезентација на Германија – ГЕР)
  • Жозе Мурињо (Манчестер Јунајтед – ПОР)
  • Маурисио Покетино (Тотенхем – АРГ)
  • Диего Симеоне (Атлетико Мадрид – АРГ)
  • Тите (репрезентација на Бразил – БРА)
  • Зинедин Зидан (Реал Мадрид – ФРА)

 

Победникот ќе биде одлучен преку гласање на четирите најважни фактори во фудбалот: селекторите на националните тимови, капитените на националните тимови, избраните медиумски претставници и фановите. Фановите можат да го дадат својот глас преку официјалната веб-страна на ФИФА.

Добитникот на наградата ќе биде објавен на гала вечерта на ФИФА, која ќе се одржи во Лондон на 23 октомври 2017 година.