Легендарниот напаѓач им посакува се најдобро, но мисли дека Милан „хаотично“ пазаруваше


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Андри Шевчченко, легендарниот Украинец и некогаш најдобрата 9-ка на Милан, вели дека Миланезите „хаотично“ пазарувале оваа лето, но сепак им посакува се најдобро.

Украинскиот тренер, во дресот на Милан, постигна 175 голови во 322 натпревари и успеа со тимот од „Сан Сиро“ да ја освои Лигата на Шампионите во 2003 година, кога во финалето на пенали го победија Јувентус.

„Не знам што да очекувам, постојат два начини за успех и тоа: Планиран успех и спонтан. Мислам дека Милан „хаотично“ пазаруваше и нема некој добар план“.

„Купија многу нови фудбалери, имаат играчи за сите позиции, не сум сигурен што можеме да очекуваме од овој тим кој е релативно млад, но му посакувам се најдобро на клубот.“ – заврши Шевченко.