Големо засилување за Романтичарите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тимот од Дебар Маало доби големо засилување во името на Остоја Стјепановиќ. Повремениот репрезентативец со Работнички потпиша едногодишен договор.

Искусниот Стјепановиќ треба да претставува огромно засилување во средниот ред за тимот на Виктор Треневски за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

„Доаѓам во клуб со високи амбиции, сигурно еден од најдобрите на домашната фудбалска сцена. Лесно постигнавме договор со раководството на клубот за идна меѓусебна соработка. Верувам дека во иднина ќе продолжат резултатските успеси на тимот, како и досега“ – истакна  Стјепановиќ за официјалниот клупски сајт.

Стјепановиќ последно настапуваше за полскиот тим Сласк Вроцлав, а во својата кариера покрај македонските Вардар и Македонија ЃП ги има носено и дресовите на Партизан,Чукарички, ОФК Београд, Матерсбург, Висла Краков и АЕЛ Лимасол.

Стјепановиќ има и 18 настапи за репрезентацијата на Македонија.