Феникс Санс се мачи со повреди, еден од нивните играчи ја пропушта цела 2017/2018 сезона

 

Тимот на Феникс Санс во минатата сезона беше со втор најлош скор во лигата а скорешните сознанија за физичката спремност на одредени играчи од составот воопшто не прават да им биде полесно.

 

Од тимот потврдија дека резервниот плејмејкер Брендон Најт успешно ја поминал операцијата на коленото, но тој сепак ќе мора да ја пропушти целата наредна сезона.

Брендон Најт ги скина вкрстените лигаменти во левото колено пред еден месец, додека играше во добротворен натпревар со локалци од Флорида.

 

25-годишниот Најт минатата сезона беше шести играч на тимот на Санс и постигнуваше во просек по 11 поени по натпревар, но беше крајно неефикасен со шутот од поле бидејќи шутираше со 39% успешност.