Додека Бостон чека да пристигне Ирвинг, работат на засилување на останатите позиции


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


 

Трејдот со кој Кајри Ирвинг требаше да се приклучи на составот на Бостон Селтикс моментално е во застој, но тоа не значи дека Селтикси размислуваат само на Ирвинг.

 

Томас Робинсон пристигна во тренинг-кампот на Бостон Селтикс за да тренира со тимот во наредните неколку недели, со цел да добие договор од тимот.

Тој игра на позицијата крилен центар и на почетокот на неговата кариера беше сметан за еден од најдобрите играчи од неговата генерација, за што сведочи и фактот дека тој беше избран со петтиот пик на драфтот во 2012 година. Но, брзо потоа тој имаше неколку повреди и се претвори во играч со ограничена минутажа во НБА лигата.

 

Главната причина поради која Бостон се решија да го испробаат Томас Робинсон е тоа што тој е одличен скокач и би можел да им помогне на Селтикси во играта под кошевите.