Дринквотер побарал да биде продаден


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што дознава Скај Спортс, играчот на Лестер, Дени Дринквотер побарал да биде продаден ова лето.

Репрезентативецот на Англија сака да потпише договор со Челси, но од редовите на клубот од Лондон не се подготвени да ги исполнат барањата на Лестер.

Абрамовиќ нуди максимална цена од 25 милиони фунти, додека пак „Лисиците“ бараат трансферот да изнесува над 30милиони фунти. Лестер не планира да го продаде Дринвотер и би прифатиле само исклучителна понуда.