Официјално: Ориги го напушти Ливерпул


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од редовите на Ливерпул потврдија дека Дивок Ориги ја комплетирал едногодишната позајмица во редовите на Волфсбург.

Белгискиот интернационалец ќе ја помине оваа сезона во Бундеслигата откако денес беше направен договор за позајмица без право на откуп.

Дивок Ориги не беше во прв план кај Клоп за оваа сезона, а за Ливерпул настапи само на отворањето од Премиер Лигата кога влезе во игра од клупата за резервни фудбалери.

22 годишниот напаѓач за Ливерпул на 77 натпревари има постигнато 21 погодок.