Металург беше немоќен против Европскиот шампион Вардар


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


 

 

Тимот на Лино Червар, не успеа уште еднаш да направи сензација и да го победи Европскиот ракометен  шампион, Вардар.

Ракометарите на клубот од Автокоманда денеска не успеаја да му парираат на Вардар во дуелот од првото коло на СЕХА Лигата, натпреварот заврши со 23-32 (11-16).

Иако тимот на Металург е исклучително млад, неутралните навивачи кои беа дојдени очекуваа неизвесен натпревар, но тоа не се случи, бидејќи Вардарци одиграа маестрално и го покажаа своето европско лице.

Металург минатата сезона на домашен терен во Автокоманда, успеа да го порази Вардар со три гола разлика, но денеска Вардарци не дозволија изненадување.

Кај Металург најрасположен беше, Жарко Пешевски кој постигна пет погодоци, додека пак кај Вардар Тимур ДИбирв исто така запиша пет погодоци.