Земјотрес на Островот! Паѓаат сите рекорди вo Чемпионшип – Вулвси крадат на Ливерпул играч и кешираат 25 милиони!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во Бенфика слават, бидејќи добиле голема сума на пари за младиот играч за врска…

Пред неполна недела Вулверхемптон Вондерс доби нов сопственик, 41-от најбогат бизнисмен на Кина Гуа Гуангчанга, во трансфер во вредност од 35 милиони евра. Одма после што Вулвси добиле нов сопственик стигна соопштение во кое се наведува дека клубот се стреми кон што побрзо враќање во Премиер лигата, со цел за целосно реконструкција на тимот ќе почнат од темел. И така навистина почна.

Само неколку дена по официјализацијата на зделката на Островот со брзина на светлината се прошири информација дека Вулвси во наредните денови ќе го добијат првото, бомбастично засилување, кое ќе ги помести досегашните трансфери на популарните Волци.

Во прашање е поранешната голема желба на Ливерпул Бразилецот од Бенфика Талиска, за кој членот од Чемпионшип ќе искешира неверојатни 25 милиони евра и ќе ги собори сите клупски и рекордите на другите лиги во Англија.

Влијателниот португалски А Бола тврди дека оваа вест ја добиле од прва рака, и дека од редовите на Вулверхемптон порачаа дека веќе обезбедиле работна дозвола за 22-годишниот бразилски универзален офанзивец.

Талиска во претходната недела се доведуваше во најблиска врска со Ливерпул, но преговорите со Бенфика беа натегнати бидејќи немаше договор околу оштетата.

Меѓутоа, за новиот сопственик за Портокаловите не беше проблем да искешира 25 милиони евра и да го направи Талиска не само најплатен играч во клупката, веќе и во историјата на Чемпионшип.

Инаку, досегашниот рекорд во лигата го држеше Џордан Роудс, кој во зимата премина од Блекбург во Мидлзборо за речиси 12 милиони евра. Само во Вулверхемптон најмногу беше платен стоперот Роџерс Џонсон, кој од Бирмингем во летото 2011 година премина кај Вулвси за 8 милиони евра.

Значи, за три пати помала сума отколку што Талиска беше платен.

Но, тоа не е се. Во пакет со Талиска Вулверхемптон планира да го земе и двоецот од Бефика Елдер Коста (крилен напаѓач) – Пеле (играч за врска), кој ќе дојде на едногодишна позајмица.

Талиска од доаѓањето во Бенфика од Бахиа во 2014 година одигра 54 натпревари и постигна 14 голови. Неговото име беше поврзувано со бројни клубови од Кина, но Бразилецот сакаше кариерата да ја продолжи во Европа. Тоа и му се оствари.

Еден од клучните луѓе кој што учествуваше во преговорите меѓу стариот и новиот сопственик на Вулвси, Џеф Ши порача дека компанијата Фосун Интернешнал ќе вложи уште минимум од 25 до 35 милиони евра во трансфери и дека тука нема да биде крај на инвестициите.

Не треба да заборавиме да напомениме дека Вулвси во минатата сезона завршија на 14 позиција.