Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Работнички оствари голема победа откако со голем пресврт ја совлада Победа на гостински терен со 4:2.
По првиот дел „романтичарите“ имаа негатива од 2:0, но во второто полувреме постигнаа четири погодоци за да ја обезбедат првата сезонска победа.
Тренерот Треневски е задоволен од изданието на Работнички во второто полувреме, потенцирајќи дека до израз дошла одличната физичка подготвеност на тимот.
„Остваривме многу значајна победа. Беше навистина тежок натпревар, а ние дополнително го отежнавме со двата гола што ги примивме во првото полувреме. Но, тогаш до израз дојде вистинскиот карактер на Работнички. Реагиравме на вистински начин. Одиграа момците дрско, храбро, конкретно, па во вториот дел дојдоа головите. Секогаш го потенцирам тимскиот дух во нашиот состав, но сега сакам да ги истакнам младите фудбалери Андреј Лазаров и Миле Тодоров, изданоци од нашата школа, кои одиграа одлично. Ова е многу значаен момент за нас по послабиот старт на сезоната, но сега треба да продолжиме во ист стил и понатаму. Веќе сме со мислите кон следниот предизвик, натпреварот против Академија Пандев в недела. Ќе се вратиме и на арената „Филип Втори“, што секако е уште еден импулс за да одиграме квалитетно“ –коментираше Виктор Треневски.