Официјално: Линдегард нов голман на Барнли


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Данскиот интернационалец Андерс Линдегард го комплетира трансферот во редовите на Барнли и потпиша договор до крајот на сезоната.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед во Барнли доаѓа како замена за повредениот прв чувар на мрежата, Том Хитон кој пред една недела заработи тешка повреда на рамото.

Линдегард беше слободен агент откако го напушти Престон на крајот на минатата сезона. Линдегард пред да потпише договор со Барнли тренираше во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед, а две недели беше на пробен период пред будното око на тренерот Шон Дајч.