Уште еден удар за Манчестер Сити, Менди во аут до април


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


По сообраќајката на Агуеро и неговото извесно оддалечување од фудбалските терени во следните месец или два следеше уште еден шок за Гвардиола.

Имено, новото засилување, Бенџамин Менди ќе биде надвор од терените до средината на април следната година. Менди има повреда на предниот круцијален лигамент и нема да може да помогне на тимот шест месеци.

„Менди ќе биде опериран ова попладне во Барселона и ќе биде надвор од терените до полуфиналните натпревари од Лигата на Шампионите“- коментираше Пеп Гвардиола.