Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот шпански фудбалер Чави кој во моментов настапува за катарскиот тим на Ал Сад за медиумите зборуваше за карактерот кој го поседува Лео Меси, неговиот долгогодишен соиграч од Барселона.
„Барселона или Аргентина не може да си дозволат топката да не биде во поседот на Меси повеќе од десет минути. За Меси е важно секогаш да биде таму каде што е топката, а ако не е блиску до неа тогаш мора да му ја додадете. Во спротивно тој полудува“- истакна 37 годишниот Чави.
Чави смета дека репрезентацијата на Аргентина ќе се извлече од неповолната ситуација во квалификациите за Светското првенство и дека ќе успее да се пласира на Мундијалот.
Легендарниот Чави истакна дека Меси е тој кој ќе стори се што е потребно за неговата репрезентација да се спаси од бламажа.