Јаховиќ ја напушта репрезентацијата

Напаѓачот на Гезтепе кој во моментов игра одлично во најсилната турска лига реши да стави крај на настапите во репрезентацијата на Македонија.

Ваквиот чекор на искусниот напаѓач е револтот поради фактот што иако бил повикан за последните натпревари од квалификациите бил резервна опција и воопшто не доби шанса за настап.

Адис Јаховиќ е најдобар стрелец во овој момент во турската Суперлига со седум постигнати погодоци.

На ваков потег се одлучи и Музафер Ејупи кој исто така има одлична сезона зад себе во дресот на Осиек.