Оправдано критикува: Јаховиќ со два гола за 20 минути за Гезтепе


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот фудбалски интернационалец, Адис Јаховиќ кој пред неколку дена јавно стави крај на репрезентативната кариера продолжува со одличните настапи во дресот на Гезтепе.

Гезтепе во осмото коло од турската Супер Лига е гостин на Анталијаспор и по 20 минути игра веќе има предност од 2:0. И двата погодоци за моментално второпласираниот  тим во Турција ги постигна сега веќе нашиот поранешен репрезентативец.

Со новите два гола Јаховиќ со вкупно 9 гола по осум кола се издвојува на врвот на листата на стрелци во најдобрата лига во Турција.