Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Адис Јаховиќ не престанува да ги тресе мрежите во турската Супер Лига.
Напаѓачот кој пред извесен период стави крај на репрезентативната кариера со образложение дека воопшто не добива прилика од Игор Ангеловски постигна нови два гола за својот Гезтепе и сега со 11 гола се наоѓа убедливо на врвот на листата на стрелците во најсилната турска лига.
Нашиот интернационалец најпрво го отвори резултатот против Аланијаспор во 41. минута од натпреварот, а потоа го постигна третиот погодок за својот тим. Конечниот резултат помеѓу Гезтепе и Аланијаспор на крајот беше 3:3.