Ливерпул влегува во трката за Горецка


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ливерпул е последен од клубовите кој се приклучи во трката за потписот на играчот на Шалке, Леон Горецка.

Договорот на 22 годишниот играч со Шалке истекува следното лето, а веќе во јануари тој ќе може да потпише преддоговор со некој клуб.

Горецка на маса има понуда за продолжување на соработката со Шалке, но исто така за него постои сериозен интерес од Барселона, Јувентус, Баерн Минехн и Ливерпул.

Шалке не сака да го продаде играчот во јануари, и веројатно ќе остави да замине како слободен фудбалер следното лето. Медиумите пренесуваат дека Горецка ќе избира помеѓу Барселона и Баерн Минхен затоа што тоа се клубовите кои го привлекувале младиот фудбалер.