Туран станува соиграч на Елмас ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фенербахче се во нарпедни преговори со Барселона за трансфер на играчот од средниот ред, Арда Туран.

Како што јавува турскиот медиум „Минет“, Туран би можел да се приклучи на Фенербахче уште во јануарскиот преоден рок.

Сепак, ваквиот трансфер би донел бура критики на сметка на Арда затоа што како што е познато тој потекнува од клубот кој е најголем ривал на Фенербахче, Галатасарај.

Арда Туран во Барселона пристигна во 2015 година за 40 милиони евра од Атлетико Мадрид но не ги исполни очекувањата и се почесто е надвор од составот на Валверде.