Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Капитенот на шпанската репрезентација, Серхио Рамос, призна дека атмосферата во екипата не била баш најдобра на последниот собир.
Шпанците успеаа да се квалификуваат на СП во Русија со победа против Албанија и Израел во почетокот на овој месец.
Но, атмосферата во тимот не била баш најдобра поради одржувањето на референдумот за независност на Каталонија на кој испадна и фудбалерот на Барселона Жерард Пике.
Тој беше исвиркан од навивачите на еден тренинг на шпанската репрезентација, но според неговото однесување тоа не му влијаело многу.
Иако се говореше дека можно е Пике да се прости од националниот тим, веројатно такво нешто нема да се случи.
Околу ова говореше и капитенот на репрезентацијата.
„Сите овие случувања некако го повредија нашиот тим. Секогаш говорам како капитен дека играчите мораат да внимаваат какви потези прават во животот. Пике беше на удар после сево ова, но неговото однесуваање беше извонредно и за пример. Некогаш имавме одличен однос, но и сега добро се сложуваме, но јасно е дека нашето пријателство не е како што беше“, изјави Рамос.