Лапорте сака трансфер во Реал


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Ајмерик Лапорте сака да си замине од Билбао и да направи трансфер во Реал Мадрид.

„Дон Балон“ пишува дека централниот дефанзивец бил во постојан контакт со неговиот сонародник, Зинедин Зидан. Тренерот на Реал Мадрид наводно му ветил дека ќе има стандардно место во тимот, а тоа го убедило младиот фудбалер да замине од Атлетик Билбао.

За Лапорте сериозен интерес имаше од Манчестер Сити. Трансферот во синиот дел од Манчестер речиси беше готов, но тогаш се случи тешка повреда на Лапорте па истиот беше пролонгиран.