„Ретко кој го знаеше моето име кога дојдов во Реал Мадрид“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Марко Асенсио (21) од доаѓањето во клубот е брилијантен. Зидан му пружи шанска во летото 2016 година, откако беше на заем во Еспањол.

Асенсио одигра прекрасна сезона во дресот на Кралевите, а одлично му тргна и во новата.

Младиот фудбалер тврди дека сеуште учи, а тврди и дека кога дошол во тимот на Реал, ретко кој знаел како се вика.

„Ретко кој знаеше кој сум, кога дојдов во Реал. Се тргна добро за мене откако постигнав гол против Севиња во европскиот Суперкуп“, изјави Асенсио и додаде: „Серхио Рамос ми помогна да се адаптирам во клубот. Ми ја пружи целата негова поддришка и беше тука за мене“, истакна Асенсио.

Тој стана член на Реал во 2014. година, стигна од Мајорка каде што ја поминал младинската школа, а Реал истата сезона го остави на заем во овој клуб, а една година подоцна заигра за Еспањол, каде што потполно експлодираше.

За Реал одигра сезона и пол, каде што одигра 56 натпревари и постигна 17 голови.