Атлетико Мадрид заинтересиран за Ерера

Од редовите на Атлетико Мадрид се сериозно заинтересирани за услугите на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера.

Договорот на Шпанецот со Манчестер Јунајтед истекува следното лето, а „Јорганџиите“ ќе се обидат да ја искористат ситуацијата и да го донесат во своите редови.

„АС“ пишува дека Диего Симеоне е голем љубител на играта на Ерера и доколку остане на „Ванда Метрополитано“ со сите сили ќе тргне по играчот кој годинава служи како резервна опција зад Матиќ и Погба во Манчестер Јунајтед.