„Што ќе сум ви јас, пуштите напаѓач да влезе“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентацијата на Италија не успеа да оствари пласман на Светското првенство во Русија првпат после 1958 година.

Аѕурите не успеаа во бараж натпреварот против Шведска да изборат пласман на Мундијалот. Со вкупен резултат од 1:0 Шведска беше подобра во овој двомеч.

Ова е првпат после 60 години да не ја гледаме Италија на едно Светско првенство, што е катастрофа за припадниците на оваа селекција.

Бурно беше синоќа на Сан Сиро, а многумина го обвинија Вентура, што немаше храброст за да игра поофанзивно.

Занимлива ситуација се случи во финишот, кога еден од помошниците му рече на Даниеле Де Роси да оди да се загрева, а тој не сакаше.

Фудбалерот на Рома на помошниот му рече дека доколку тој влезе неговиот тим нема ништо да добие и дека е попаметно да влезе напаѓач.

Де Роси покажа и кон Инсиње кој на крајот не доби ниту минута.

„Што ќе сум ти јас, играјте со напаѓачи. Не водиме за јас да влезам“, му рекол Де Роси на пошникот тренер.