Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Листата се сведува на петмина, желбатана Алегри е нереална, кој може да стигне во Торино наместо Пол Погба.
Пол Побга стигна во Лос Анџелес, таму треба да ги помине прегледите, Јувентус и Манчестер Јунајтед се договорија, па Французинот многу брзо ќе се приклучи на новите соиграчи на американската турнеја.
Веќе се знае дека ќе го добие бројот 6, а Јувентус веќе преговара околу замените.
Желба на Алегри беше Немања Матиќ, но од тоа нема ништо. На Конте не му паѓа на памет д асе откаже од Србинот, па од тој трансфер нема да биде ништо, иако Србинот наводно беше загреан за доаѓање во Торино.
Најблиску до Јувентус е Аксел Витсел, со него постигнат е договор, но Јуве е далеку од 30 милиони колку што Зенит понуди на Евертон. На Белгиецот истекува договорот во наредната сезона, последна понуда на Јувентус е 15 милиони евра плус бонуси, но Русите одбиваат такво сценарио, ќе видиме како ќе заврши.
Најтешка мета е Блез Матуиди, сите се сложуваат дека е во прашање би била вистинска премија, но проблем е цената, ПСЖ бара 40 милиони. Двата клуба не се во добри односи, Јувентус нема да ја плати споменатата сума, но со францускиот репрезентативец ќе делуваат застрашувачки.
Марсело Брозовиќ од Интер може да игра на повисока позиција во средниот ред, истото важи и за Ектор Ерера, капитенот на Порто. Тие двајца се универзалци, одлично се вклопуваат.
Проблем со Хрватот е што Интер тешко ќе прифати да продаде фудбалер на Јувентус, дури и за 30 милиони, колку што Јувентус наводно е спремен да плати. Што се однесува до Мексиканецот од Змајевите, него го сака и Наполи, нуден е на Јувентус, цената му е 25 милиони евра, но не е високо на листата на опциите.
И на крајот, Матео Ковачиќ. Реал е спремен да го пушти на позајмица, но Јувентус повторно ќе дојде како во ситуацијата со Мората да разигрува фудбалери на кои не може да смета после сезона или две, тоа е најголем проблем.
Сепак, може да излезе уште некое име, со еден играч за врска и шпиц (Габриел односно „Габигол“) е прва мета за нападот, преодниот рок ќе биде завршен кога е во прашање доаѓања.
После тоа ќе следи продажбата на прекубројните, Исла и Заза ќе заминат, а можеби и Ругани може да замине некаде на позајмица…