Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид претходните две сезони на чело со Зидан освои се што можеше да се освои. Кралскиот клуб е под очекувањата оваа сезона, а работите да бидат полоши за францускиот стратег, неговиот напад е во голема голгетерска криза.
Реал Мадрид после 12 одиграни кола во Ла Лига е зад лидерот Барселона и доколку нешто не се промени во наредните натпревари, Флорентино Перес со сигурност ќе „скокне“ за да помогне.
Според шпанските медиуми прв што ќе го плати цехот за лошите резултати е Зинедин Зидан. Перез смета дека на тимот му е потребно будење.
Наводно, на Зидан му се дадени уште неколку натпревари шанса, да го врати тимот во форма, во спротивно ќе заработи отказ.
Како што пишува Мундо Депортиво, претседателот на Кралскиот клуб веќе има пронајдено замена. Наводно, прва желба на Перез е селекторот на Германија, Јоаким Лев, но тој во Мадрид би дошол, после Светското во Русија.
Но, доколку Зидан би добил отказ, екипата до крајот на сезоната би можел да ја води поранешниот тренер на Реал, Карло Анчелоти кој е без работа, откако доби отказ во Баерн.
Како и да е, ќе биде возбудливо да се прати расплетот на ситуацијата на Сантијаго Бернабеу до крајот на оваа година.