Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Вечерва се одигра дерби натпреварот од Серија А во кој се сретнаа главните фаворити за титулата во Италија.
Јувентус беше поуспешен од Наполи на гостувањето на „Сан Паоло“, а стрелец на единствениот гол беше поранешниот играч на наполитанците, Гонзало Игуаин.
Ова беше прв пораз за избраниците на Маурисио Сари кои до сега играа фантастично во италијанскиот шампионат и доколку победеа на вечерашната средба ќе направеа голем чекор кон Скудетото. Вака, Јувентус се враќа во игра, а Интер ќе има можност со победа против Киево за прв пат сезонава ќе дојде на првото место во Серија А.
Во останатиот денешен натпревар Рома со 3:1 славеше на домашен терен против СПАЛ.