Анчелоти: „И реков не на Италија“


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Легендарниот италијански стратег, Карло Анчелоти потврди дека нема намера да стане новиот предводник на репрезентацијата на Италија.

Анчелоти беше прв избор на претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Карло Тавекио. По одбивањето на понудата и Тавекио си поднесе оставка од функцијата во селекцијата на Италија.

„Да, федерацијата ме контактираше и јас зборував со нив. Им го кажав тоа што ви го кажувам вас,  дека ми е чест што многу луѓе сакаат да го водам националниот тим. Како и да е, тоа ќе биде целосно поинаква работа за мене. Да се биде тренер на национален тим е поинаку отколку да си тренер на клуб, а јас се уште сакам да уживам тренирајќи и работејќи секој ден во годината“- коментираше Анчелоти.